Ikrame Imane Kouachi
04 Мај 2024•Ажурирај: 05 Мај 2024
ГАЗА (АА) - Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) денес предупреди на психолошките последици со кои се соочуваат децата во Појасот Газа поради израелските напади врз опколената палестинска енклава, известува Анадолу.
„Децата во Газа страдаат од разорно ниво на стрес“, објави УНРВА на социјалната мрежа Х.
Тимови на УНРВА работат со децата и адолесцентите на ублажување на влијанието на ужасите на војната.
„Нашите советници им нудат надеж и утеха. Мораме да ја заштитиме нивната сегашност и иднина. Примирје веднаш“, објави УНРВА.
Од 7. октомври минатата година, кога започнаа израелските напади на Појасот Газа, убиени се 34.654 Палестинци, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Според податоците на Обединетите нации, израелската напади врз палестинската енклава принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се раселат, предизвикувајќи акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.