Ali Cura
04 Мај 2024•Ажурирај: 05 Мај 2024
МОСКВА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Русија го стави на потерница претседателот на Украина, Владимир Зеленски, известува Анадолу.
Зеленски се бара според Кривичниот закон на Руската Федерација.
Во февруари се навршија две години откако Русија започна војна против Украина, како и 10 години од илегалното анектирање на украинскиот полуостров Крим и градот Севастопол.