Турските сили од почетокот на 2019 година неутрализираа 635 терористи на ПКК
„Во 80.570 акции организирани од почетокот на 2019 година неутрализиравме 635 терористи на ПКК“, изјави Сулејман Сојлу

ИСТАНБУЛ (АА) - Турските вооружени сили од почетокот на годината неутрализирале 635 припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во 80.570 акции организирани од почетокот на 2019 година неутрализиравме 635 терористи на ПКК“, изјави денес во Анкара Сулејман Сојлу, министерот за внатрешни работи на Република Турција.
Сојлу најави продолжување на одлучната борба против терористите.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и Европската Унија (ЕУ), а во текот на повеќе од три децении, таа организација е одговорна за смртта на околу 40.000 лица, меѓу кои и деца и жени.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.