Министрите за надворешни работи на Турција и Јужна Кореја се сретнаа во Анкара
Јужна Кореја е втор најголем трговски партнер на Турција во Азиско-Пацифичкиот Регион, по Кина
Истанбул
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес се сретна со јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чо Хјун, кој е во официјална работна посета на Турција, јавува Анадолу.
Според објавата на Министерството за надворешни работи на Турција на турската платформа за социјални медиуми „NSosyal“, средбата меѓу двајцата министри е одржана во Анкара.
Објавата содржеше фотографии од состанокот, без дополнителни детали.
- Односи Турција - Јужна Кореја
Политичките односи меѓу двете земји датираат од 11 август 1949 година, кога Турција ја призна Јужна Кореја како независна држава. Дипломатските односи официјално беа воспоставени во 1957 година.
Турција беше меѓу првите земји што испрати војници за поддршка на Јужна Кореја за време на Корејската војна, која започна во 1950 година, во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Речиси 23.000 турски војници служеа во Јужна Кореја за време на војната и во годините што следуваа.
Билатералните односи беа подигнати на ниво на стратешко партнерство во 2012 година.
Јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг беше во официјална посета на Турција минатиот ноември. За време на таа посета беа потпишани три договори и беше издадена заедничка декларација за стратешко партнерство меѓу двете земји.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган последен пат ја посети Јужна Кореја во 2018 година.
Јужна Кореја е втор најголем трговски партнер на Турција во Азиско-Пацифичкиот Регион, по Кина. Обемот на билатералната трговија достигна приближно 10,3 милијарди долари во 2024 година, а двете земји се поврзани со Договор за слободна трговија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
