Турскиот минситер Сојлу: „Турција гледа светлина на крајот од тунелот во борбата против тероризмот“
„Во Турција годинава беа неутрализирани вкупно 892 терористи“, рече Сулејман Сојлу

АНКАРА (АА) - Турција ја гледа светлината на крајот од тунелот во својата борба против тероризмот, изјави турскиот министер за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во Турција годинава беа неутрализирани вкупно 892 терористи“, рече Сулејман Сојлу пред турските законодавци од парламентарната Комисија за планирање и буџет во главниот град Анкара.
Сојлу рече дека Министерството од 2016 година спровело 102.000 операции за внатрешна безбедност.
Турција неутрализира 102 високи припадници на терористички организации, од кои 10 на листата на најбарани терористи.
„Турција, денес, за првпат, ја виде светлината на крајот од тунелот во борбата против тероризмот“, нагласи турскиот министер.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
Сојлу соопшти дека Министерството отпуштило 42.000 вработени од обидот за воен удар во 2016 година на терористичката организација ФЕТО.
„14.000 лица се суспендирани [од Министерството], а 13.000 се вратени назад [од обидот за пуч во 2016 година]“, додаде тој.
Терористичката организација ФЕТО го изведе неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 лица беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на свои припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.