Турска хуманитарна организација во 2020 година ископа 1.311 бунари во 22 земји во светот
Фондацијата ИХХ истакна дека од 2000 година ископала вкупно 9.880 бунари за вода во 41 земја во светот, и дека над 3,95 милиони луѓе имаат чиста вода преку пружената помош

ИСТАНБУЛ (АА) - Турска хуманитарна агенција соопшти дека изминатата година ископала над 1.300 бунари за вода во 22 земји во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фондацијата за хуманитарна помош со седиште во Истанбул, ИХХ, истакна дека секој десетти човек во светот нема пристап до вода поради сушата, сиромаштијата, брзиот раст на популацијата и загадувањето.
Нагласувајќи дека Фондацијата продолжува со напорите за обезбедување вода за милиони луѓе кои имаат недостиг на вода, во своето соопштение ИХХ вели дека им дала надеж на стотици илјади луѓе во азиските и африканските земји.
Во 2020 година, Фондацијата ги задоволи потребите за чиста вода на околу 525.000 луѓе со ископување на 1.311 бунари за вода во 22 земји во светот.
Фондацијата истакна дека од 2000 година ископала вкупно 9.880 бунари за вода во 41 земја во светот, и дека над 3,95 милиони луѓе имаат чиста вода преку пружената помош.
„Бунарите за вода не само што ги задоволуваат потребите на луѓето за чиста вода и вода за пиење, туку и му овозможуваат на локалното население да започне да се занимава со земјоделство и сточарство“, велат од ИХХ.