Турција

Турската Фондација „Дијанет“ за време на месецот Рамазан ќе подели помош во 75 држави

Турската Фондација „Дијанет“, која веќе долго време е позната по пружањето хуманитарна помош низ светот, ќе пружи помош и во периодот на месецот Рамазан во вредност од 61 милион турски лири (околу 6,3 милиони евра) во муслиманскиот свет.

Sefa Şahin  | 07.04.2021 - Обновена : 09.04.2021
Турската Фондација „Дијанет“ за време на месецот Рамазан ќе подели помош во 75 држави Фото: Ali Jadallah/AA

АНКАРА (АА) - Турската хуманитарна организација со седиште во главниот град Анкара објави дека ќе подели помош во текот на светиот месец Рамазан во вкупно 75 држави, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турската Фондација „Дијанет“, која веќе долго време е позната по пружањето хуманитарна помош низ светот, ќе пружи помош и во периодот на месецот Рамазан во вредност од 61 милион турски лири (околу 6,3 милиони евра) во муслиманскиот свет.

Ихсан Аџик, официјалниот претставник на турската Фондација „Дијанет“, во разговор на АА изјави дека одлучиле оваа година додатно да го зголемат бројот на државите во кои ќе биде поделена помошта за време на Рамазан.

Тој додаде дека заради подобро планирање и координација, бројот на земјите кои ќе добијат помош го зголемиле од 39 во 2020 на 75 оваа година.

Тој истакна дека во рамките на проектот, меѓу останатото, планираат да поделат околу 100.000 пакети со храна, како и облека за Бајрам.

„Сакаме да дојдеме до речиси 570.000 луѓе за време на месецот Рамазан“, изјави Аџик.

Рамазан, месецот на постот на муслиманите, оваа година започнува вечерта на 13 април.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.