Турција

Ердоган разговараше со Џонсон за Источниот Медитеран и ерменските напади на Азербејџан

Ердоган нагласи дека Велика Британија, во контекст на тензиите во Источниот Медитеран заземала избалансиран и непристрасен став и ги поддржала напорите за дијалог и соработка, што, според него, е од заеднички интерес

Sefa Mutlu   | 28.09.2020
Ердоган разговараше со Џонсон за Источниот Медитеран и ерменските напади на Азербејџан

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со британскиот премиер Борис Џонсон, а меѓу темите на разговорот беа тензиите во Источниот Медитеран и ерменските напади врз Азербејџан, јавува Агенција Анадолија (AA).

Во соопштението од Кабинетот за комуникации при турското Претседателство се вели дека за време на разговорите станало збор за билатералните односи, како и за можностите за нивно унапредување. 

Двајцата официјални претставници ја потврдија одлучноста трговската размена меѓу двете земји да достигне 20 милијарди долари, а се согласија и околу зајакнувањето на соработката на полето на одбранбената индустрија, за која е нагласено дека има голем потенцијал. 

Меѓу темите за кои разговараа Ердоган и Џонсон беа тензиите во Источниот Медитеран, како и последните напади на Ерменија врз Азербејџан, како и други регионални теми. 

Ердоган нагласи дека Велика Британија, во контекст на тензиите во Источниот Медитеран заземала избалансиран и непристрасен став и ги поддржала напорите за дијалог и соработка, што, според него, е од заеднички интерес. 

Осврнувајќи се и на судирите што започнаа како резултат на нападот на Ерменија врз Азербејџан, претседателот Ердоган подвлече дека за мир и стабилност во регионот Ерменија треба да се повлече од Нагорно Карабах и другите територии што ги има окупирано.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.