Турција

Ердоган:„Ако за две недели нема решение за безбедносната зона, ќе ги активираме сопствените планови“

„Очекуваме поголема поддршка од европските земји, и за Идлиб и за делот источно од Еуфрат“

Selma Kasap  | 18.09.2019 - Обновена : 19.09.2019
Ердоган:„Ако за две недели нема решение за безбедносната зона, ќе ги активираме сопствените планови“

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека Турција очекува поголема поддршка од европските земји за сириски Идлиб и за делот источно од Еуфрат, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган присуствуваше на церемонијата на отворање на академската година 2019-2020 во Конгресниот центар Бештепе во Анкара.

„Очекуваме поголема поддршка од европските земји, и за Идлиб и за делот источно од Еуфрат. Зборовите повеќе не можат да нѐ заситат“, порача Ердоган.

Тој нагласи дека со доведувањето во безбедна состојба на просторот источно од Еуфрат, во зависност од неговата длабочина, би можело да се најде решение за 2 до 3 милиони сириски мигранти кои живеат во Турција и во Европа.

„Доколку за две недели не произлезе решение (за безбедносната зона), тогаш ќе ги активираме сопствените планови“, рече Ердоган во своето обраќање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın