Aida Cako
02 Јануари 2026•Ажурирај: 05 Јануари 2026
ХОМС (АА) - Локални туристи го посетија античкиот град Палмира (Тадмор) во Хомс, Сирија, кој се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО, првпат по 14 години, посакувајќи да дојде денот кога градот ќе се врати на својата поранешна слава, јавува Анадолу.
Палмира, кој во 1980 година беше вклучен на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, претрпи сериозни оштетувања од терористичката организација ДЕАШ во 2015 година.
Поранешниот режим на Башар ал-Асад, исто така, ја доведе оваа културна ризница на раб на уништување со артилериските и воздушните напади во обид да ја врати контролата над античкиот град.
По падот на режимот и формирањето нова Влада во Сирија, Палмира повторно станува туристичка дестинација, дури и во состојба на значителна разурнатост.