Турција

Во Турција приведени 48 осомничени лица во рамките на антитерористичките операции

Операцијата покрената од Измир беше спроведена истовремено низ 12 области на Турција како дел од истрагата против екстремистичко-левичарските терористички организации

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 14.01.2021 - Обновена : 15.01.2021
Во Турција приведени 48 осомничени лица во рамките на антитерористичките операции

ИЗМИР (АА) - Најмалку 48 осомничени лица се приведени денес како дел од операцијата против терористичките организации низ Турција, велат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).

Операцијата покрената од Измир беше спроведена истовремено низ 12 области на Турција како дел од истрагата против екстремистичко-левичарските терористички организации како Марксистичко-ленинистичката комунистичка партија (MLKP), Турската комунистичка партија - Марксистичко-ленинистичка (TKP/ML), Револуционерно социјалистичкото работничко движење (DSIH) како и ЈПГ/ПКК.

Од 51 осомничено лице, 48 се приведени за време на операциите, велат извори кои зборуваа под услов да останат анонимни.

Ководачот на терористичката група Угнетена социјалистичка партија (ЕСП) Озлем Ѓумушташ, поранешниот шеф на областа Измир, Пинар Турк и Керим Алтинмакаш, како и двајца адвокати, четворица вработени во општината Измир беа меѓу приведените.

Антитерористичките единици за време на операциите запленија големи количини дигитален материјал, нелегални издаванија, документи кои припаѓаат на терористичките организација и 50.000 турски лири.

Безбедносните извори нагласија дека операциите за приведување на останатите осомничени се во тек.

Марксистичко-ленинистичката комунистичка партија (MLKP) е основана во 1994 година, а на турската листа на терористички организации е ставена во 2007 година.

Терористичката организација е одговорна за многу напади во Турција и северна Сирија, вклучувајќи го и бомбардирањето на јавен автобус во 2004 година во Истанбул, при што загинаа тројца цивили.

Основана во 1972 година во Турција, Турската комунистичка партија - Марксистичко-ленинистичка (TKP/ML) е забранета група што спроведува нелегални активности, како и вооружени напади за воспоставување на марксистичко-ленинистичко правило во земјата. Во Турција е наведена како терористичка организација.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.