Турција

Од градска ординација до дивината: Турчин живее со волчјаци на –30 степени

- Откако се пензионирал како забен техничар, Бејсун го напуштил градскиот живот за време на пандемијата на КОВИД-19 и се населил во област оддалечена 20 километри од центарот на Сивас.

Erçin Ertürk  | 20.02.2026 - Обновена : 20.02.2026
Од градска ординација до дивината: Турчин живее со волчјаци на –30 степени Erçin Ertürk/AA

СИВАС (АА) - Мурат Бејсун (54), кој живее во руралниот предел на турски Сивас, живее во природата грижејќи се за чехословачките волчјаци и птици грабливки, јавува Анадолу.

Откако се пензионирал како забен техничар, Бејсун го напуштил градскиот живот за време на пандемијата на КОВИД-19 и се населил во област оддалечена 20 километри од центарот на Сивас.

Поминувајќи често време во шатор во природа заедно со своето семејство во детството, Бејсун ја продолжува својата страст за живот во близок контакт со природата.

Бејсун за Анадолу рече дека во природата живее без електрична енергија, носи вода од блискиот поток и ги подготвува лебот и оброците на оган од собрани дрва.

„Таквиот живот ми влезе во крвта. Човек го бара она што го виделе неговите очи. Се вљубив во овој начин на живеење“, рече Бејсун, додавајќи дека не може да се откаже од своите стари навики.

Истакна дека со своите животни живее во мирен предел каде што има 50-60 домаќинства и дека меѓусоседските односи се силни.

Наведувајќи дека досега не се соочил со никакви негативни реакции поради тоа што чува волчјаци Бејсун напомена дека чехословачката раса, која по изглед целосно наликува на волк, генетски носи 70% карактеристики на волк и 30% карактеристики на германски овчар.

Тој нагласи дека оваа раса, освен што не е агресивна и е послушна, живее како куче, но карактерно ги задржува особините на волкот.

Објаснувајќи дека кучињата лаат многу малку, главно завиваат и се движат како глутница, Бејсун додаде дека и грижата за малите кутриња ја вршат заеднички.

Наведувајќи дека целата глутница ја презема грижата за малите, Бејсун изјави: „Тие не можат да бидат врзани, не можат да бидат затворени во кафез, нивната слобода не смее да биде ограничена. Личноста што ќе ѝ се посвети на оваа раса мора постојано да биде покрај нив, како да чува немирно дете.“

Бејсун истакна дека на инсистирање на неговите деца, пред околу една и пол година отворил канал на видеоплатформата Јутјуб и достигнал до 200.000 следбеници и над 155 милиони прегледи.

Објаснувајќи дека не може да посвети доволно внимание на социјалните мрежи бидејќи најголем дел од времето троши на грижа за животните, Бејсун нагласи дека видеата што ги споделува не се режирани.

Тој вели дека токму поради тоа корисниците го следат со голем интерес и дека секое од животните има своја група обожаватели.

Посочувајќидека во областа каде што престојува температурите во зима паѓаат и до 30 степени под нулата, Бејсун сподели дека секој ден чисти снег за да ги отвори патиштата и дека живее како во полусон, постојано слушајќи ги звуците однадвор.

Бејсун, чие семејство живее во центарот на градот, но го посетува за време на викендите и празниците, истакна дека не би можел да продолжи со овој начин на живот без нивна поддршка.

Раскажувајќи дека и исхраната на животните е макотрпна работа, Бејсун рече дека птиците грабливки ги храни со месо од потполошка и мисирка, кои ги набавува од доверливи производители од различни градови.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın