свет

Чешка отвора дебата во ЕУ за ограничување на привремената заштита за украинските бегалци

- Чешката Влада планира да го намали обемот на заштита, односно речиси 398.000 Украинци сè уште се под статус на привремена заштита, а секој месец пристигнуваат околу 6.000 нови лица.

İlayda Çakırtekin  | 26.02.2026 - Обновена : 26.02.2026
 Чешка отвора дебата во ЕУ за ограничување на привремената заштита за украинските бегалци

ПРАГА (АА) – Чешка Република вчера соопшти дека е отворена за дискусија во рамките на Европската Унија за ограничување на привремената заштита што им се обезбедува на украинските бегалци, јавува Анадолу.

Министерот за внатрешни работи Лубомир Метнар изјави дека Чешка е подготвена за дебата во ЕУ за промена на условите за привремена заштита на украинските граѓани, пренесе Радио Прага.

Чешката Влада планира да го намали обемот на заштита, односно речиси 398.000 Украинци сè уште се под статус на привремена заштита, а секој месец пристигнуваат околу 6.000 нови лица.

Намалувањето на обемот на заштита би можело да се базира врз географско потекло или други критериуми.

По средбата во Берлин со германскиот колега Александер Добриндт, Метнар повика и на построги мерки против илегалната миграција, побрзи враќања и можност за воспоставување центри за враќање надвор од ЕУ.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.