Трамп соопшти дека се формира „Одбор за мир за Газа“
„Всушност, тоа се најважните лидери на најважните земји. Ако ги земете најважните лидери и земјји, тоа ќе биде Одборот за мир.“
ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека предложениот „Одбор за мир за Газа“ е во процес на формирање и дека ќе биде составен од лидери на „најважните нации во светот“, јавува Анадолу.
„Одборот за мир се формира“, изјави Трамп за новинарите вчера за време на летот со претседателскиот авион „Ер Форс Уан“.
„Всушност, тоа се најважните лидери на најважните земји. Ако ги земете најважните лидери и земјји, тоа ќе биде Одборот за мир.“
Трамп додаде дека постои силен меѓународен интерес за учество во иницијативата, велејќи: „Сите сакаат да бидат дел од неа“.
Се очекува одборот да биде предводен од Трамп и да вклучува околу 15 светски лидери. Неговата улога ќе биде надзор над сè уште неформираната палестинска технократска влада, како и над процесот на обнова на Појасот Газа.
Меѓу земјите за кои се очекува да бидат дел од одборот се Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Саудиска Арабија, Катар, Египет и Турција. Како претставник на Одборот за мир на терен би можел да дејствува поранешниот специјален пратеник на Обединетите нации за Блискиот Исток, Николај Младенов.
И покрај објавените планови за претставување на панелот оваа недела, Трамп не даде временска рамка. Неговата администрација повеќепати го одложуваше објавувањето, иако првично беше најавено дека Одборот за мир ќе биде претставен минатиот месец.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
