Lina Altawell
12 Јануари 2026•Ажурирај: 13 Јануари 2026
ГРАД ГАЗА (АА) - Тројца Палестинци се убиени, а еден е повреден денес во новите израелски напади во јужниот дел на Појасот Газа, што претставува ново кршење на минатогодишниот договор за прекин на огнот, соопштија медицински извори, јавува Анадолу.
Палестинците се застрелани од израелски квадрокоптерски дрон во областа Ал Балад во Кан Јунис, изјавија изворите за Анадолу.
Според изворите, една Палестинка е исто така ранета од израелски оган во областа Ал-Батн ал-Самин во Кан Јунис, додавајќи дека обете локации спаѓаат во зони од кои израелските сили се повлекле според договорот за прекин на огнот.
Нападите се случија откако израелските армиски сили извршија воздушни напади и пукаа од огнено оружје низ неколку делови од Појасот Газа рано утрово.
Израелската Армија уби повеќе од 71.400 Палестинци, претежно жени и деца, а повредени се над 171.000 во бруталната офанзива од октомври 2023 година, која ја остави енклавата во урнатини.
И покрај прекинот на огнот, израелската Армија продолжи со нападите, при што убиени се 442 Палестинци, а ранети се повеќе од 1.200, според Министерството за здравство.