свет

Иранскиот врховен лидер објави слика на која Трамп е прикажан како фараон, предупредувајќи на соборување

Сликата прикажува саркофаг што се распаѓа во фараонски стил со лик на Трамп, дополнет со натписот „Како фараон“

Tarek Chouiref  | 12.01.2026 - Обновена : 12.01.2026
Иранскиот врховен лидер објави слика на која Трамп е прикажан како фараон, предупредувајќи на соборување

ИСТАНБУЛ (AA) – Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, објави слика на социјалните мрежи на која американскиот претседател Доналд Трамп е прикажан како древен фараон, предупредувајќи дека на крајот ќе доживее иста судбина како и тираните од минатото, пренесува Анадолу.

Сликата, објавена на официјалниот профил на Хаменеи на американската платфора за социјални медиуми X, прикажува саркофаг што се распаѓа во фараонски стил со лик на Трамп, дополнет со натписот „Како фараон“.

Во пораката објавена заедно со сликата на персиски јазик, Хаменеи наведе дека арогантните владетели што се обидувале да доминираат со светот, како фараонот, Нимрод, Реза Кан и Мохамад Реза, биле соборени токму на врвот на својата моќ.

„И овој ќе биде соборен“, додаде тој.

Објавата доаѓа во време на неодамнешните закани на Трамп упатени кон иранското раководство, вклучително и изјави поврзани со протестите и внатрешните немири во земјата.

Во Иран се одржуваат протести од 28 декември, кога демонстрации избија во Големата чаршија во Техеран поради наглиот пад на вредноста на иранскиот ријал и влошените економски услови. Подоцна протестите се проширија и во неколку градови.

Нема официјални бројки за жртвите, но Новинската агенција за човекови права (ХРАНА), група за човекови права со седиште во САД, проценува дека бројот на жртви достигнал најмалку 544, меѓу кои од безбедносните сили и демонстрантите, а над 1.000 се повредени.

Според ХРАНА, најмалку 10.681 лице биле приведени за време на протестите на 585 локации низ целата земја, вклучително и 186 града во сите 31 провинција.

Најмалку 109 припадници на иранските безбедносни сили, исто така, биле убиени за време на немирите што зафатија повеќе делови од земјата последните денови, јави катарската телевизија Ал Џезира, повикувајќи се на иранската новинска агенција „Тесним“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.