свет

Лидерите на Г7 остро го осудија иранскиот напад врз Израел

- Земјите од Групата седум (Г7), која ја сочинуваат Соединетите Американски Држави (САД), Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Јапонија, остро го осудија нападот на Иран врз Израел

Barış Seçkin  | 15.04.2024 - Обновена : 18.04.2024
Лидерите на Г7 остро го осудија иранскиот напад врз Израел

РИМ (АА) - Земјите од Групата седум (Г7), која ја сочинуваат Соединетите Американски Држави (САД), Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Јапонија, остро го осудија нападот на Иран врз Израел, јавува Анадолу.

По одмаздничките напади на Иран врз Израел, Италија свика состанок на лидерите на Г7 во неделата за да разговараат за ова прашање.

Лидерите на земјите членки одржаа состанок преку видеоконференција на кој разговараа за иранскиот напад врз Израел.

„Како лидери на Г7 најостро го осудуваме директниот и невиден напад на Иран врз Израел. Иран истрела стотици беспилотни летала и проектили врз Израел. Израел, со помош на своите партнери, го одби нападот“, се вели по состанокот.

Тие изразија целосна солидарност и поддршка за Израел и неговиот народ.

„Уште еднаш ја потврдуваме нашата решеност за безбедноста на Израел. Иран со своите акции направи уште еден чекор кон дестабилизација на регионот, што ризикува да доведе до неконтролирани регионални тензии. Тоа треба да се избегне. Ќе продолжиме да работиме на стабилизирање на ситуацијата и да спречиме натамошна ескалација Во тој дух бараме Иран и неговите застапници да престанат со нападите, а сега сме подготвени да преземеме дополнителни активности како одговор на дополнителните обиди за дестабилизација“, се соопштува.

Се осврнаа и на ситуацијата во Газа.

„Ќе ја зајакнеме нашата соработка за ставање крај на кризата во Газа со тоа што ќе продолжиме да работиме за итен и одржлив прекин на огнот и ослободување на заложниците од страна на Хамас и со доставување поголема хуманитарна помош за Палестинците на кои им е потребна“, рекоа тие.

Италијанските медиуми објавија дека средбата траела помалку од еден час.

Доцна синоќа Иран изврши воздушен напад врз Израел како одмазда за воздушниот напад на 1 април врз ирански дипломатски објект во Дамаск, Сирија. Најмалку седум члена на Иранската револуционерна гарда, вклучително и двајца генерали, беа убиени во тој напад.

Револуционерната гарда го потврди лансирањето на десетици беспилотни летала и ракети кон Израел во саботата.

Во меѓувреме, постојат шпекулации дека Израел може да одлучи да возврати, а експертите веруваат дека тоа може да предизвика сеопфатна регионална војна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın