свет

Трамп рече дека знае за мировниот предлог на Украина пратен до САД оваа недела

„Сè уште е неизвесно дали веруваме дека може да се постигне вистински мир и дали навистина можеме да ја движиме топката напред. Претседателот е исклучително фрустриран од двете страни во оваа војна и преку глава му е од состаноци...“, додаде таа

Michael Gabriel Hernandez  | 12.12.2025 - Обновена : 12.12.2025
 Трамп рече дека знае за мировниот предлог на Украина пратен до САД оваа недела

ВАШИНГТОН (АА) - Белата куќа зазеде необврзувачки тон во врска со ставовите на претседателот Доналд Трамп за мировниот предлог пратен до Соединетите Американски Држави (САД) претходно оваа недела, велејќи само дека е „свесен за“ одговорот, јавува Анадолу.

„Тој е свесен за тоа, да“, рече портпаролката Каролин Ливит како одговор на новинарско прашање. Таа не сподели никакви детали за ставовите на Трамп за планот, кој ѝ беше презентиран вчера на американската делегација.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски вчера изјави дека имал „продуктивни“ разговори со американската делегација составена од секретарот за финансии Скот Бесент и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Разговорите, рече тој, се фокусирале на обновата на Украина и предложиле ревизии на планот од 20 точки за завршување на војната.

Тој рече дека разговорите би можеле да се сметаат за „прв состанок на групата“ задолжена да работи на документ во врска со обновата и економското закрепнување на неговата земја.

Зеленски потврди дека се договорени следните контакти меѓу тимовите, истакнувајќи дека ќе нема „одложувања“ од украинската страна додека тие работат на постигнување резултати.

На прашањето дали САД ќе пратат претставник на планираниот состанок со украински и европски претставници овој викенд, Ливит рече дека администрацијата на Трамп ќе го стори тоа „доколку има реална шанса за потпишување мировен договор“.

„Сè уште е неизвесно дали веруваме дека може да се постигне вистински мир и дали навистина можеме да ја движиме топката напред. Претседателот е исклучително фрустриран од двете страни во оваа војна и преку глава му е од состаноци само заради поентата за одржување состаноци. Тој не сака повеќе разговори. Тој сака акција. Тој сака оваа војна да заврши“, додаде таа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın