свет

„Масакрот во Газа мора веднаш да заврши“, побара американскиот сенатор Сандерс

- Сенаторот Сандерс во текот на седницата потсети на зборовите на Нетанјаху дека ќе ги „скрши“ луѓето во Газа

Hakan Çopur  | 13.02.2024 - Обновена : 14.02.2024
„Масакрот во Газа мора веднаш да заврши“, побара американскиот сенатор Сандерс

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот независен сенатор Барни Сандерс остро ги критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот Конгрес кој го поддржува во нападите на Појасот Газа, известува Анадолу.

Сенаторот Сандерс во текот на седницата потсети на зборовите на Нетанјаху дека ќе ги „скрши“ луѓето во Газа.

„Прашање што како Американци и американски Конгрес мора себеси да си го поставиме е: Колку уште Нетанјаху во овој процес ќе ги угнетува децата и недолжните луѓе?“, рече Сандерс.

Тој порача дека масакрот во Газа мора веднаш да заврши.

„Претседателот Џо Бајден има право. Ова мора да заврши и тоа е во рацете на САД, но Конгресот сега се подготвува да даде уште 14 милијарди воена помош на крајно десничарската Влада на Нетанјаху. Ова само ќе му овозможи на Нетанјаху да купи уште бомби за да ја срамни Газа и да убие уште илјадници недолжни луѓе“, посочи сенаторот.

Сандерс нагласи дека помошта што би му била пратена на Нетанјаху би значела само уште повеќе убиени жени и деца.

„Дали навистина сакаме да го наградиме Нетанјаху, кој целосно игнорира сѐ што сака да стори претседателот на САД? Сакаме ли навистина да му дадеме поголема поддршка на лидерот на најекстремната десничарска Влада во историјата на Израел, човекот што политичката кариера ја посвети на уништување на предлогот за две држави“, рече сенаторот Сандерс.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın