свет

Палестинците под израелска блокада се собираат кај коридорот Нецарим за да најдат храна

Додека гладот продолжува да се шири низ Газа, жителите очајно се обидуваат да дојдат до основните средства за живот на дистрибутивните точки за хуманитарна помош

Elena Trenchevska Chekovic  | 01.08.2025 - Обновена : 01.08.2025
Палестинците под израелска блокада се собираат кај коридорот Нецарим за да најдат храна Фото: Hassan Jedi/AA

СКОПЈЕ (АА) - Палестинците, кои страдаат под немилосрдните израелски напади и израелската блокада, се собраа кај коридорот Нецарим за да земат дел од ограничените количини храна во градот Газа, јавува Анадолу.

Додека гладот продолжува да се шири низ Газа, жителите очајно се обидуваат да дојдат до основните средства за живот на дистрибутивните точки за хуманитарна помош, која пак не може да ги задоволи растечките хуманитарни потреби.

Појасот Газа, кој е под израелски напади и цврста опсада и блокада што го ограничува влезот на хуманитарна помош, доживува хуманитарна катастрофа, со широко распространет глад и недостиг на вода, лекови, медицински материјали и хигиенски средства.

Од почетокот на геноцидната војна на Израел на 7 октомври 2023 година, најмалку 160 Палестинци, од кои 91 дете, починале од глад и неисхранетост, според Министерството за здравство на Газа.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската Армија спроведува брутална офанзива во Газа од 7 октомври 2023 година, во која се убиени над 60.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.