Gözde Bayar
17 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
ХАТАЈ
Обединетите нации (ОН) денеска испратија 56 камиони со хуманитарна помош во Идлиб, северозападна Сирија, каде што на милиони граѓани им е потребна помош, јавува Агенција Анадолија (АА).
Камионите го поминаа граничниот премин „Џилвеѓозу“ во јужна Турција, со помошта што треба да се достави до жителите во населените области во Идлиб, како и во околните села.
Во Сирија владее граѓанска војна од 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.
Се смета дека оттогаш стотици илјади луѓе се убиени, а над 10 милиони се раселени како последица на конфликтот.
Идлиб се наоѓа во рамките на деескалациската зона утврдена со Договорот меѓу Турција и Русија кон крајот на 2018 година.
Во деескалациската зона во моментот живеат околу 4 милиони цивили, вклучувајќи стотици илјади раселени од различни делови на земјата.