Ruslan Rehimov
05 Август 2021•Ажурирај: 06 Август 2021
БАКУ
Нов тим од Азербејџан пристигна денеска во Турција за да помогне во напорите за гаснење на пожарите што беснеат во земјата повеќе од една недела, јавува Агенција Анадолија (АА).
Околу 150 пожарникари и 40 противпожарни возила се дел од третиот тим испратен од Баку за да ѝ помогне на Турција во борбата против пожарите.
Амфибискиот авион, кој беше дел од противпожарните операции во Турција, исто така, се врати по сервисирањето во Азербејџан.
Азербејџан претходно испрати 320 пожарникари, 53 противпожарни возила и хеликоптер во Турција.