Seda Sevencan
06 Август 2021•Ажурирај: 06 Август 2021
ИСТАНБУЛ
Турција досега има аплицирано повеќе од 75 милиони дози на вакцина против Ковид-19, почнувајќи од јануари, кога ја започна кампањата за масовна имунизација, покажаа официјалните бројки објавени денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Земјата ја продолжува својата интензивна кампања за вакцинација, која се однесува на секој од 18 години и повеќе и кој ги исполнува условите за вакцина, за да го спречи ширењето на коронавирусот.
Според Министерството за здравство, речиси 41,47 милиони луѓе ја примиле првата доза, повеќе од 28 милиони се целосно вакцинирани, а над 5,32 милиони добиле трета доза.
Во услови на пад на случаите на национално ниво и забрзана акција за вакцинација, Турција влезе во нова фаза на нормализација на 1 јули, укинувајќи ги речиси сите ограничувања поврзани со вирусот.
Од декември 2019 година, пандемијата однесе над 4,26 милиони животи во 192 земји и региони, со пријавени над 200,92 милиони случаи, според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.