Sinan Doğan
06 Август 2021•Ажурирај: 09 Август 2021
БОГОТА
Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, соопшти дека преговорите меѓу Владата на Венецуела и опозицијата ќе се одржат во неговата земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лопез Обрадор, на дневната прес-конференција одржана во Националната палата, сооопшти дека го прифатиле предлогот на Норвешка да биде домаќин на преговорите.
„Прифативме процесот на дијалог меѓу двете страни да започне овде. Се надевам дека ќе се договорат“, рече Обрадор.
Според вестите во мексиканските медиуми, од следната недела претставниците на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и оние кои ќе учествуваат во преговорите во име на опозицијата, се очекува да се сретнат во главниот град Мексико Сити.
- Мадуро е подготвен за дијалог
Претседателот Мадуро на 13 мај соопшти дека е подготвен да се сретне со поранешниот шеф на Националното собрание и опозициски лидер Хуан Гваидо во замена за постепено укинување на американските санкции.
Во замена за постепено укинување на санкциите во САД, Гваидо постави барања како што се воспоставување на „слободен и фер“ изборен календар во земјата под надзор на меѓународни набљудувачи, обезбедување заштита од Ковид-19 и ослободување на сите политички затвореници.