Бројот на жртви во геноцидната војна на Израел во Газа надмина 60.300
- 83 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, додека 554 лица се повредени

АНКАРА (АА) – Најмалку 60.332 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.
Министерството истакна дека 83 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, додека 554 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади се искачи на 147.643.
„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, додаде Министерството.
Соопшти дека 53 Палестинци се убиени, а над 400 повредени додека се обидувале да добијат хуманитарна помош во последните 24 часа, со што вкупниот број Палестинци убиени додека бараат помош достигна 1.383, а над 9.218 се ранети сметајќи од 27 мај.
Израелската Армија ги продолжи нападите врз Појасот Газа на 18 март откога се убиени најмалку 9.163 лица, а повредени 35.602, кршејќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.