свет

Деца меѓу 13 Палестинци убиени во најновите израелски напади врз Појасот Газа

Израелската армија, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, спроведува брутална офанзива во Газа од 7 октомври 2023 година, во која се убиени повеќе од 60.000 Палестинци

Betül Yılmaz  | 31.07.2025 - Обновена : 31.07.2025
 Деца меѓу 13 Палестинци убиени во најновите израелски напади врз Појасот Газа

ГРАД ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 13 лица се убиени, а неколкумина се повредени во израелските напади врз Појасот Газа рано утрово, изјавија медицински извори за Анадолу.

Израелската армија изврши напад врз стан на палестинско семејство во северниот дел на градот Газа, при што се убиени три лица, а повеќемина се повредени. Нападот, исто така, предизвика пожар на местото.

Пет лица се убиени во гранатирање на шатори на раселени Палестинци во Деир ал-Балах, во централниот дел на Појасот Газа.

Во нападите со израелски беспилотни летала убиени се петмина цивили, од кои четири деца, а повеќе од 15 се повредени на подрачјето на Ал-Маваси во јужниот град Кан Јунис.

Израелската армија, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, спроведува брутална офанзива во Газа од 7 октомври 2023 година, во која се убиени повеќе од 60.000 Палестинци. Немилосрдното бомбардирање ја опустоши енклавата и доведе до недостиг на храна.

Во понеделникот израелските групи за човекови права „Б’Тселем“ и „Лекари за човекови права“ го обвинија Израел за геноцид во Газа, наведувајќи го систематското уништување на палестинското општество и на здравствениот систем на територијата.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın