свет

Поплавите во западно Мароко ги однесоа животите на 37 лица

Операциите за пребарување и спасување се во тек, а преземени се и неопходни мерки за обезбедување на погодените области и обезбедување поддршка на жителите

Betül Yılmaz  | 15.12.2025 - Обновена : 15.12.2025
Поплавите во западно Мароко ги однесоа животите на 37 лица

РАБАТ / ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 37 лица загинаа во буичните поплави што го опустошија западниот марокански град Сафи, соопштија денес властите, јавува Анадолу.

Канцеларијата на гувернерот на Сафи соопшти дека 20 лица се повредени и примени во државната болница „Мухамед V“ во Сафи за медицинска помош. Шестмина од нив се отпуштени, додека преостанатите 14 остануваат во болница, од кои две на одделот за интензивна нега.

Операциите за пребарување и спасување се во тек, а преземени се и неопходни мерки за обезбедување на погодените области и обезбедување поддршка на жителите, додаде Министерството.

Министерството за образование соопшти дека наставата во училиштата во градот и околните области е прекината поради лошите временски услови.

Вчера, државната новинска агенција на Мароко, повикувајќи се на локални претставници, објави дека исклучително обилни дождови за краток период - околу еден час - предизвикале моќни поплави што ги зафатиле домовите и деловните објекти низ целиот град. Поплавите се случија по интензивни грмотевици.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın