Балкан

Исплови бродот со хуманитарна помош од Косово за Газа

- Косовскиот премиер Курти истакна дека помошта вклучува шатори, прехранбени продукти, ќебиња и 158.000 топли оброци за цивилите во Газа.

Agim Sulaj  | 13.12.2025 - Обновена : 14.12.2025
Исплови бродот со хуманитарна помош од Косово за Газа

СКОПЈЕ (AA) – Премиерот на Косово, Албин Курти, соопшти дека хуманитарната помош на Косово за населението во Газа официјално тргна од пристаништето Мерсин во Турција, известува Анадолу.

Косовскиот премиер Курти истакна дека помошта вклучува шатори, прехранбени продукти, ќебиња и 158.000 топли оброци за цивилите во Газа. Тој појасни дека одлуката за помошта е донесена во јануари, но нејзината реализација станала можна по склучувањето на неодамнешниот мировен договор предводен од претседателот на САД, Доналд Трамп.

Тој истакна дека овој потег ја покажува посветеноста на Косово кон меѓународната солидарност, со цел да се помогне во ублажувањето на човечките страдања во Газа и да се даде придонес цо напорите за мир и безбедност.

Премиерот ѝ се заблагодари на Турција и на турската Црвена полумесечина за нивната блиска соработка при спроведувањето на оваа хуманитарна операција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.