свет

Билансот на жртви во поплавите во Индонезија се приближува до 1.000, наносот ја покри џамијата во Ачех

- Властите јавија дека 226 лица се водат како исчезнати, додека 884.889 жители се раселени поради катастрофата

Elena Trenchevska Chekovikj  | 13.12.2025 - Обновена : 13.12.2025
Билансот на жртви во поплавите во Индонезија се приближува до 1.000, наносот ја покри џамијата во Ачех Riski Cahyadi/AA

ТАНЏУНГ КАРАНГ (АА) - Огромни купишта дрва и друг нанос го покрија дворот на џамијата Мухлишин и интернатот во селото Танџунг Каранг по катастрофалните поплави во индонезиската покраина Ачех, јавува Анадолу.

Регионот Ачех Тамијанг беше силно погоден од катастрофата, што ги остави религиозните и образовните објекти закопани под наносот.

Националната агенција за управување со катастрофи објави дека во ненадејните поплави и лизгањата на земјиштето низ Ачех, Северна Суматра и Западна Суматра загинале најмалку 995 лица.

Властите јавија дека 226 лица се водат како исчезнати, додека 884.889 жители се раселени поради катастрофата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.