Beril Çanakcı
13 Декември 2025•Ажурирај: 14 Декември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Ирецот Чарли Мекгетиган, кој победи на Евровизискиот натпревар во 1994 година, изјави дека ќе го врати својот трофеј во знак на протест против континуираното учество на Израел во натпреварот, придружувајќи му се на швајцарскиот пејач Немо, минатогодишниот шампион, известува Анадолу.
Мекгетиган во видео објавено на социјалните мрежи наведе дека планира да го испрати трофејот до Европската радиодифузна унија (EBU), која го организира Евровизискиот натпревар. Мекгетиган победи на евровизискиот натпреварот заедно со неговиот колега, ирски пејач Пол Харингтон.
Во видео пораката тој рече дека Немо го контактирал преку интернет за да ја објасни одлуката за враќање на трофејот од 2024 година.
Харингтон наведе дека во знак на поддршка, како и Немо, и тој сака на EBU да им го врати освоениот трофеј на Евровизија.
Овој потег доаѓа во услови на поширока контроверзност околу вклучувањето на Израел на Евровизија.
По потврдата минатата недела дека Израел ќе остане во натпреварот, радиодифузерите на пет земји - Исланд, Ирска, Холандија, Словенија и Шпанија - објавија дека ќе се повлечат од натпреварот во 2026 година.