свет

Јапонските компании користат сателити и вештачка интелигенција за да пронајдат напуштени куќи за продажба

– Десетици јапонски компании користат комбинација од сателитски снимки и вештачка интелигенција (ВИ) за лоцирање на напуштени куќи што би можеле да се продадат, во услови кога земјата се соочува со растечки проблем со празни недвижности

Berk Kutay Gökmen  | 24.11.2025 - Обновена : 24.11.2025
Јапонските компании користат сателити и вештачка интелигенција за да пронајдат напуштени куќи за продажба

ИСТАНБУЛ (АА) – Десетици јапонски компании користат комбинација од сателитски снимки и вештачка интелигенција (ВИ) за лоцирање на напуштени куќи што би можеле да се продадат, во услови кога земјата се соочува со растечки проблем со празни недвижности, јави денес новинската агенција Кјодо, јавува Анадолу.

Услугата што ја нуди стартапот „Where Inc.“ применува вештачка интелифенција обучена на илјадници фотографии за да открие знаци на стареење на покривите, анализирајќи појави како 'рѓа и обезбојување. Куќите што изгледаат напуштени се обележуваат директно на сателитските снимки.

Еден од корисниците на услугата, Котаро Јасуе, неодамна пронашол двокатна дрвена куќа и стапил во контакт со нејзиниот сопственик преку имотниот регистар. Тој дознал дека куќата била напуштена повеќе од една деценија, а сопственикот не знаел како да се ослободи од неа.

Јасуе, кој управува со бизнис за издавање куќи во префектурата Гифу, се согласил да ја купи недвижноста за само 1 јен.

Бројот на напуштени домови во Јапонија континуирано расте, а официјалните податоци покажуваат дека во 2023 година имало околу 9 милиони вакви единици.

Според „Where Inc.“, технологијата со вештачка интелигенција е развиена со поддршка на подружница на Јапонската агенција за аеронаутика и вселена (JAXA), која првично ја користела за анализа на кратери на Месечината.

Технологијата е корисна и за идентификување земјиште погодно за паркинг-простори или поставување соларни панели.

Од целосното лансирање на услугата во 2024 година, компанија од Токио привлекла околу 50 корпоративни клиенти.

„Сакаме да им помогнеме на компаниите ефикасно да го искористат неискористениот недвижен имот“, изјавил претставник на компанијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.