Јапонија одобри рестартирање на најголемата нуклеарна централа во светот, прва по катастрофата во Фукушима
Одлуката се однесува на реакторот број 6 во електраната „Кашивазаки-Карива“, која се очекува да ја продолжи работата во март 2026 година, откако гувернерот на префектурата Ниигата, Хидејо Ханазуми, даде зелено светло.
ИСТАНБУЛ (АА) – Јапонските власти денес ја одобрија повторната активација на најголемата нуклеарна електрана во светот, што претставува прво вакво рестартирање по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година, објави „Кјодо њуз“, пренесува Анадолу.
Одлуката се однесува на реакторот број 6 во електраната „Кашивазаки-Карива“, која се очекува да ја продолжи работата во март 2026 година, откако гувернерот на префектурата Ниигата, Хидејо Ханазуми, даде зелено светло.
Овој објект со капацитет од 8,2 гигавати, кој располага со седум реактори, е неактивен од 2012 година, кога беше изгаснат поради топењето на реакторите во Фукушима предизвикано од цунами. Јапонската Влада ја поддржува повторната активација, наведувајќи дека нуклеарната енергија е „стабилен и јаглеродно неутрален енергетски извор“.
Компанијата TEPCO, оператор на електраната, ја опиша одлуката како клучна за своето работење, посочувајќи дека ќе овозможи зголемување на приходите кои би можеле да помогнат во обештетување на лицата погодени од инцидентот во Фукушима.
Гувернерот Ханазуми сега ќе се консултира со локалното Собрание, чија редовна седница започнува на 2 декември.
Доколку Собранието даде одобрение, централната Влада ќе биде известена дека локалните процедури се завршени.
Во февруарскиот извештај на техничката комисија на префектурата беше утврдено дека нема безбедносни проблеми со усогласеноста на електраната по темелната проверка.
За рестартирање во моментов е подготвен само реакторот број 6, во кој веќе е инсталирано нуклеарното гориво. Ако процесот се одвива без потешкотии, реакторот ќе стане оперативен до крајот на март 2026 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
