Islam Uddin
19 Ноември 2025•Ажурирај: 20 Ноември 2025
АНКАРА (АА) - Масовен пожар избувна во населба во југозападна Јапонија, при што се оштетени повеќе од 170 згради, објавија локалните медиуми денес, пренесува Анадолу.
Пожарот започнал доцна синоќа и се проширил низ густо населена населба во градот Оита, објави новинската агенција „Кјодо“.
Локалните жители беа принудени да ги напуштат своите домови, а властите евакуираа повеќе од 170 луѓе, додека едно лице се води како исчезнато.
Пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарот.