свет

На КОП30 јапонски компании промовираа технологија за обнова на неплодното земјоделско земјиште

- Јапонскиот павилјон беше домаќин на семинар за воведување нова технологија за обновување на неплодно земјоделско земјиште и пасишта со употреба на ѓубрива и други материјали што ја подобруваат почвата

Berk Kutay Gökmen  | 12.11.2025 - Обновена : 12.11.2025
На КОП30 јапонски компании промовираа технологија за обнова на неплодното земјоделско земјиште

ИСТАНБУЛ (АА) – Јапонските компании промовираа нова технологија за обновување на неплодното земјоделско земјиште на 30-тата годишна конференција на Обединетите нации за климатски промени (КОП30) што се одржува во Бразил, јавува Анадолу.

За време на 11-дневната конференција во градот Белем, компаниите на јапонскиот павилјон промовираат различни технологии за борба против глобалното затоплување, објави НХК.

КОП30 започна во понеделниот со учество на различни земји и меѓународни организации.

Јапонскиот павилјон беше домаќин на семинар за воведување нова технологија за обновување на неплодно земјоделско земјиште и пасишта со употреба на ѓубрива и други материјали што ја подобруваат почвата.

Се очекува овој метод да спречи непотребно сечење на шумите за земјоделски цели, јави јавниот сервис НХК.

Девет јапонски компании присуствуваат на КОП30 за да ги претстават своите најнови технологии.

Еден од изложувачите демонстрираше материјал што може да ги намали температурите во просториите со рефлектирање на сончевата светлина и дисипација на топлината.

Киџима Јуто од јапонската компанија „Spacecool“ изјави: „Со зголемувањето на глобалните температури, сите земји се соочуваат со истиот проблем со луѓето кои ја чувствуваат топлината. Побарувачката за овие технологии за ладење ќе расте.“

Друга компанија покажа систем кој детектира знаци на шумски пожари користејќи сателитски податоци и сензори поставени на тлото.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.