свет

Јапонија планира да се приклучи на иницијативата предводена од НАТО за обезбедување муниција и опрема од САД за Украина

Се очекува Јапонија официјално да го објави својот придонес во наредните недели

Islam Uddin  | 10.02.2026 - Обновена : 11.02.2026
Јапонија планира да се приклучи на иницијативата предводена од НАТО за обезбедување муниција и опрема од САД за Украина

ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонија планира да се приклучи на иницијативата предводена од НАТО за обезбедување муниција, воена опрема произведени во Соединетите АМерикански Држави (САД) за Украина, како и финансии, поради тековната војна со Русија, објави денес јапонскиот јавен сервис НХК, пренесува Анадолу.

Механизмот на Листата на приоритетни барања за Украина, воспоставен минатата година од НАТО и САД, ги вклучува и Германија и Холандија, заедно со партнери кои не се членки на НАТО, како што се Австралија и Нов Зеланд.

Рамката веќе го олесни доставувањето на ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ и друга клучна опрема за Украина.

Се очекува Јапонија официјално да го објави својот придонес во наредните недели, според повеќе официјални лица во НАТО кои дадоа изјави за НХК.

Учеството на Токио се очекува да се фокусира на опрема за несмртоносна одбрана, како што се радарски системи, панцири и друга заштитна опрема, при што Јапонија ќе обезбеди финансирање, а не директно да снабдува оружје.

Според програмата, сојузниците на НАТО веќе издвоија 2,2 милијарди долари воена помош за Киев. Војната меѓу Украина и Русија е близу до влегувањето во својата петта година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın