Балкан

Програма по повод денот на турската национална химна во кампусот на училиштата „Маариф“ во Тетово

Во рамки на програмата се одржа и церемонија за доделување награди за конкурсот со тема „Не плаши се, духот на младоста е тука“, во кој имаше натпревари во пишување есеи и сликање

Shpetim Hiseni  | 12.03.2026 - Обновена : 12.03.2026
Програма по повод денот на турската национална химна во кампусот на училиштата „Маариф“ во Тетово Фото: Меѓународни училишта „Маарив“- Тетово

ТЕТОВО – Во кампусот на Меѓународните училишта „Маариф“ во Тетово се одржа програма по повод 12 март, Ден на усвојување на химната на независна Република Турција, пренесува Анадолу.

По програмата, под покровителство на Халкбанк и со придонес од Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ), се одржа церемонија за доделување награди за конкурсот со тема „Не плаши се, духот на младоста е тука“, во кој имаше натпревари во пишување есеи и сликање.

На овој конкурс учествуваа голем број ученици од цела Северна Македонија.

Учениците што се пласираа на првите места добија награди од амбасадорот на Турција во Скопје, Фатих Улусој, како и од други претставници на протоколот присутни на програмата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.