Cuneyt Davut
20 Август 2016•Ажурирај: 20 Август 2016
ТЕТОВО (AA) – Во Тетово вечерва се организираше „Програма за сеќавање на загинатите херои“ во чест на лицата кои го загубија животот за време на обидот за државен удар во Турција на 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
На програмата организирана од страна на Здружението на невладини турски организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) присутсвуваа амбасадорот на Турција во Скопје Омур Шолендил, координаторот на ТИКА во Скопје Теоман Тирјаки, министерот без ресор на Македонија Фуркан Чако, претставници на турските организации во Македонија и голем број граѓани.
Претседателот на МАТУСИТЕБ Тахсин Ибрахим, во својот говор по овој повод, истакна дека бомбите кои беа фрлани врз народот на 15 јули далобоко ги натажил Турците на Румелија и пријателските заедници на Турција. Зборувајќи за добрите односи и соработката помеѓу Македонија и Турција во секоја област, Ибрахим рече:
„Цврста Турција значи стабилен Балкан. Тргнувајќи од принципот ‘заштити ја татковината за да расте’, нам ни припаѓааат големи обврски.“
„Нема да се сооработува со припадниците на ФЕТО, нејзините училишта и нејзините други организации. Тој што го пушта детето во училиштата на предавниците може да го загуби тоа дете, а со тоа ќе обучувал војник за други сили“, рече Ибрахим осврнувајќи се на присуството на ФЕТО во Македонија.
Турскиот амбасадор во Скопје Шолендил, во текот на својот говор нагласи дека ставот кој беше покажен против нападот на предавниците претставува важна освртна точка во политичката историја на Турција.
„Ќе продолжи нашата одлучна борба и потребните иницијатив против сите активности кои го имаат на мета мирот, благосостојбата и интегритетот на нашата земја“, рече Шолендил.
Зборувајќи и за поплавата која го погоди Скопје и околината, Шолендил рече дека од првиот ден заедно со ТИКА имаат одвивано активности и додаде дека како секогаш Република Турција е на страната на браќата во Македонија и во овие тешки времиња и ќе ги продолжат активностите со сите можности за да помогнат.
Од друга страна, министерот без ресор на Македонија, Фуркан Чако, во име на Владата на Република Македонија им се заблагодари на Република Турција и турската амбасада во Скопје за големиот труд за „покривање на раните", после катастрофалните поплави кои се случија во Скопје и околината.
Во врска со обидот за државен удар на 15 јули од страна на ФЕТО, Чако истакна дека претседателот и врховниот командант Реџеп Тајип Ердоган и турскиот народ на светот му дале лекција за демократијата.
„Предавниците треба да знаат дека исто како и нашите дедовци кои се бореа без двоумење на Чанакале, и денеска има илјадници Турци од Македонија спремни за татковината, и ќе продолжат да бидат“, рече Чако.
После говорите на програмата која почна со интонација на турската химна, се читаше Мевлуд за душите на загинатите херои.