Admir Fazlagic
08 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - Затруени се 25 вработени од фабриката Леар, во технолошко индустриската развоја зона во Тетово, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Секторот за внатрешни работи (СВР) - Тетово за АА го потврдија случајот соопштувајќи дека според првичните информации, утрово, вработени од фабриката Леар се јавиле во брза помош, кажувајќи дека имаат болки во стомакот. Исто така, од таму јавија дека откако им била укажана помош, вработените биле пуштени на домашно лекување.
СВР Тетово информираше дека надлежните екипи се на терен, истрагата е во тек, како и дека за овој случајот е известен е јавен обвинител.
И од Брза помош Тетово го потврдија денешниот случај, кажувајќи дека тие денеска имале интервенција кај пациенти во фабриката Леар.
Вработените добиле соодветна терапија и потоа биле препратени на инфективното одделение. Потоа, дошла група од неколку лица во Брзата Помош во Тетово кои имале симптоми на труење, но и тие откако им е укажана помош, биле пуштени на домашно лекување.
Во врска со случајот се очекува испитувања да изврши Агенцијата за храна и ветеринарство.
Потсетуваме, и во месец март во фабриката „Леар" од јадење, беа затруени околу 220 вработени.