АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на церемонијата за избор на кандидатите за судии и обвинители во Националниот културен и конгресен центар во Бештепе, им се обрати на присутните со зборовите: „Тоа што Турција вечерта на 15 јули не доживеа хаос, му го должи на периодот од 17 до 25 декември 2013 година, кога беа преземени првите мерки во судството и полицијата. Доколку не беа преземени превентивните мерки тогаш, обидот за државен удар на 15 јули ќе имаше други димензии. Се разбира дека нашиот народ немаше да ѝ се предаде на оваа предавничка група, но и сузбивањето на државниот удар немаше да биде спроведено толку брзо и ефикасно“, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган им честиташе на судиите и на обвинителите, истакнувајќи дека избраните судии и обвинители преземаат функции во еден историски период за Турција.
Претседателот на Турција истакна дека обидот за државен удар на 15 јули не е прв обид на терористичката организација ФЕТО и дека обидот на 15 јули беше спроведен благодарение на инфилтрираните членови на организацијата во редовите на турските вооружени сили.
- „Се надевам дека на достоен начин ќе го претставувате судството“
Претседателот Ердоган потсети дека првиот чекор на ФЕТО бил направен од страна на судството и полицијата во периодот 17-25 декември:
„Исто како и на 15 јули, и во периодот 17-25 декември 2013 година, благодарение на силата што ни ја даде народот, обидот за државен удар во тие моменти беше неуспешен. Жал ми е што врз народот беше стрелано со оружје и беа фрлани бомби со авиони, хеликоптери, тенкови, оружје што беше купено од даноците што ги плаќаше истиот тој народ. Ме радува тоа што ниту авионите, ниту хеликоптерите, тенковите, топовите, ни оружјето, не успеаја да ја уништат вербата кај народот и да го покорат. Членовите на судството вечерта кога беше извршен обидот за државен удар излегоа со свои пораки на поддршка и изјавија: ‘Овие акции се спротивни на законот, уставот и на судството’. Моќта е во тоа што таа вечер, сите се обединија. Парламентарците во исто време беа во Парламентот. Тоа беше доказ дека демократијата во Турција опстојува, гордо се бори. Тоа е втората ослободителна борба на Турција и во моментов вие сте судскиот столб на таа борба и ви ги испраќам своите честитки“.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање понатаму рече: „Сега светот нам ни мудрува и нѐ советува. ‘Толку вмешани имиња и соработници на ФЕТО, како и од каде успеавте да ги најдете? Како успеавте во толку краток период да ги соберете...’ И мене ми го зборуваат истото. Видете, ова е држава. Доколку една државата не знае кој што прави и каде, доколку тоа не го знае нејзината разузнавачка служба, тогаш се извинувам“.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во врска со истрага против ФЕТО во јавниот сектор изјави: „Повремено зборуваа: ‘Господине, има и невини.’ Се извинувам, но нема невини. Зошто нема? Затоа што сѐ додека судството заедно со оние што го спроведуваат законот се однесува емотивно, тука нема невини. Доколку се однесуваат искрено, одземените права од надлежните органи можат да им бидат вратени. Вистина е дека можеби биле направени некакви грешки, но не треба да се заборави дека за Турција херојски загинаа 241 лице и 2.194 воени ветерани во обидот за државен удар. За тоа некој треба да поднесе сметка“.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, околу испораката на Ѓулен, водачот на ФЕТО од страна на САД, го рече следното:
„Кога од нас бараат терористи, ние им ги предаваме, но тие не ни го предаваат тој еден терорист. Зошто? Наводно тоа не можеле да го направат без одлука на судот. Проблемот е што тоа не може да биде одлучено сѐ додека тие не одлучат“.
„Во овој период, ФЕТО како алатка ги користи сите свои можности во земјата и во светот против Турција. Што прават? Од еден вид на сепаратистичка терористичка организација, прејдоа во друг вид на терористичка организација. Играта е многу итра и мудра. Мораме многу да внимаваме на нив. Доколку се продолжи периодот на неиспорачување на лидерот на ФЕТО, ќе имаме можност да кажеме многу деликатни нешта“.
Во врска со кредитниот рејтинг што го одреди организацијата „Стандард и пурс“, која истакнала дека „Турција не е земја за инвестиции“, турскиот претседател Ердоган изјави дека тоа е идеолошка и политичка одлука.
Зборувајќи за ситуацијата во Сирија, претседателот Ердоган потсети дека коалициските сили ги сочинуваат 63 земји.
„Дали знаете колку држави ги сочинуваат коалициските сили? Има 63 држави во коалицијата против ДЕАШ. Сега 63 држави од коалицијата во борбата против 10.000 милитанти на ДЕАШ ги повикуваме ПЈД и ЈПГ велејќи им: ‘Дојдете, иако сте терористи, помогнете ни да го отстраниме овој ДЕАШ’. Зарем постои добар и лош терорист? И ПЈД и ЈПГ се терористи. Тоа значи дека со една терористичка организација војувате против друга терористичка организација. Соработувањето со терористите е исто како да си играте со оган. Се извинувам, но ние нема да дозволиме на југот од Турција и на северот од Сирија да се создаде терористички коридор“.
news_share_descriptionsubscription_contact
