свет

Швајцарија бара независна истрага за убиените цивили близу пунктовите за хуманитарна помош во Газа

- Барањето следува по серијата смртоносни инциденти околу местата за испорака на хуманитарна помош управувани од Хуманитарната фондација за Газа, поддржана од Израел и САД

Beyza Binnur Dönmez  | 26.06.2025 - Обновена : 26.06.2025
Швајцарија бара независна истрага за убиените цивили близу пунктовите за хуманитарна помош во Газа

ЖЕНЕВА (АА) - Швајцарија денес повика на независна истрага за цивилите кои ги загубија животите во близина на пунктовите за дистрибуција на хуманитарна помош во Газа, изразувајќи загриженост за безбедноста на хуманитарните операции, јавува Анадолу.

Берн „е длабоко загрижен од извештаите за смртта на цивили во близина на точките за дистрибуција на помош“, соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи на платформата X, додавајќи: „Повикуваме на независна истрага и потсетуваме дека милитаризираната помош ги поткопува хуманитарните принципи и меѓународните норми“.

Министерството ја нагласи важноста од осигурување „брз, безбеден и непречен влез на принципиелните хуманитарни актери“.

Соопштението следува по серијата смртоносни инциденти околу местата за испорака на хуманитарна помош управувани од Хуманитарната фондација за Газа, поддржана од Израел и САД.

Нападите предизвикаа растечка меѓународна загриженост за спроведувањето на операциите за хуманитарна помош во регионот разурнат од војна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.