Отворен Меѓународниот летен камп за извидници во Охрид
- Меѓународниот летен камп за извидници во кој учествуваат 300 извидници од Турција, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово и Северна Македонија како домаќин, ќе заврши на 26 јуни.

ОХРИД (АА) - По 17-ти пат во Охрид се одржува Меѓународниот летен камп за извидници, известува Анадолу.
На отворањето на летниот камп, организиран од Турската федерација на извидници и извидничкиот клуб „Калкан“ од Северна Македонија, со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), присуствуваа претставници на турски институции и организации во земјата и стотици извидници од Турција и балканските земји.
По интонирањето на националните химни на Турција и балканските земји, претставниците на извидничките групи во своите обраќања изразија желба за крај на војните и мир во светот.
Претседателот на Турската федерација на извидници, Хасан Динчер Субаши, во својот говор им се заблагодари на родителите на дадената доверба и ги испратиле своите деца во извидничкиот камп.
Субаши обраќајќи им се на присатните и извидниците посака во светот да завладее мирот.
Во текот на програмата на институциите и организациите кои учествуваа и дадоа поддршка на 17-от Меѓународен летен камп за извидници, меѓу кои и Агенција Анадолу (АА), им беа врачени плакети од страна на извидничкиот клуб „Калкан“.
Како дел од програмата, Културно уметничкото друштво „Јени Хајат“ се претстави со традиционални ора и танци.
Меѓународниот летен камп за извидници во кој учествуваат 300 извидници од Турција, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово и Северна Македонија како домаќин, ќе заврши на 26 јуни.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.