Zuhal Demirci
01 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - ЗУХАЛ ДЕМИРЏИ - Минатата година 877 војници и полицајци од 19 земји беа обучени преку „Меѓународниот проект за соработка за обука на полицијата и безбедноста“ кој беше спроведен во соработка со Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Генералниот директорат за безбедност.
Според информациите на АА добиени од ТИКА, претседателството започнало со обука на полициски сили од Албанија и Киргистан, кои биле избрани како пилот-земји за првите обуки во соработка со Генералниот директорат за безбедност во 2007-2008 година.
Во рамките на проектот учествуваа полицајци од Македонија, Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Србија, Палестина, Гватемала, Црна Гора, Казахстан, Киргистан, Косово, Малдиви, Мексико, Монголија, Молдавија, Узбекистан, Тунис, Туркменистан, Еквадор, Демократска Република Конго, Либија, Танзанија, Сомалија, Таџикистан, Украина, Брегот на Слоновата Коска, Гамбија, Бангладеш, Јордан, Хаити, Мали, Нигерија, Етиопија и Замбија.
Во „Меѓународниот проект за соработка за обука на полицијата“ во периодот помеѓу 2007-2017 година беа спроведени 419 курсеви, на кои учествуваа 7375 практиканти.
Во рамките на проектот беа обезбедени стручни и практични обуки за заемно споделување на искуствата на полицијата, развој на заедничка свест во борбата против криминалот и обединување на терминологијата на полициските организации од двете земји.
Во обуката дадена на странските полицајци се обработија теми како што се: полициско работење во заедницата, борба против тероризмот, заштита на важни луѓе, обука за нуркање, борба против трговија со луѓе, управување со безбедноста во социјалните активности, компјутерски криминал, обука за оружје, техники за истрага на убиство, управување со човечки ресурси, системи за управување со документите и архивите, основно образование за децата и полициска интелигенција.
Од друга страна, во соработка со ТИКА и Генералната команда на жандармеријата во Турција беа организирани програми за обука за зајакнување на меѓусебната соработка помеѓу полициските службеници, со цел консолидирање на заедничките историски и културни близини со Сенегал, Бангладеш, Молдавија и Казахстан. На обуките учествуваа 16 лица од жандармеријата.