свет

Камиони со хуманитарна помош на ОН влегоа во Газа преку израелски граничен премин

- Kамионите пристигнале во складиштата во северниот дел на Газа, носејќи прехранбени производи за ублажување на сè поголемата хуманитарна криза во енклавата.

Aida Cako  | 26.06.2025 - Обновена : 26.06.2025
Камиони со хуманитарна помош на ОН влегоа во Газа преку израелски граничен премин

СКОПЈЕ (АА) - Камиони со хуманитарна помош на Обединетите нации влегоа во Појасот Газа преку израелскиот граничен премин Зиким, јавува Анадолу.

Според извештаите, камионите пристигнале во складиштата во северниот дел на Газа, носејќи прехранбени производи за ублажување на сè поголемата хуманитарна криза во енклавата.

Од 27 мај Израел започна нова иницијатива за испорака на помош преку т.н. „Фондација за помош на Газа“, која добива поддршка од САД и Израел и функционира независно од ОН.

Многу Палестинци ова го гледаат како обид за присилно преселување на населението од северниот во јужниот дел на Газа.

Израел од 2 март ги држи затворени главните гранични премини кон Газа, дозволувајќи влез на многу мал број камиони.

Според процените, на Газа ѝ се потребни најмалку 500 камиони дневно за да се задоволат основните потреби на населението.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутална офанзива во Газа од октомври 2023 година, во која се убиени над 56.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.