Децата во Газа повторно се цел на напади од израелската армија
- Во текот на воздушните и артилериските израелски напади уништени се училишта, домови и засолништа, при што животот го загубија стотици малолетни лица.
ГАЗА (АА) - Во текот на најновата ескалација на напади врз Појасот Газа сè поголем број деца се директно погодени од израелските воени напади, јавува Анадолу.
Во текот на воздушните и артилериските напади уништени се училишта, домови и засолништа, при што животот го загубија стотици малолетни лица.
Снимките и сведоштвата од терен откриваат потресни сцени, деца со сериозни повреди што се наоѓаат во болница, медицински лица што ги носат повредените или починатите деца на носила.
Лекарите се обидуваат да спасат животи без доволно опрема, лекови и струја.
Најмалку 44 Палестинци, меѓу кои и лица што чекале да добијат помош, се убиени и стотици се повредени во новите израелските напади врз Појасот Газа, велат медицински извори.
Еден од изворите за Анадолу изјави дека 12 лица ги загубиле животите и неколкумина се повредени во воздушниот напад врз населбата Шеџаја во источниот дел на Појасот Газа.
Уште осум лица се убиени во израелски оган откако се обидувале да добијат хуманитарна помош во областа Нецарим во централниот дел на Газа, соопшти официјалната новинска агенција Вафа, цитирајќи медицински извори.
Уште тројца Палестинци кои чекале помош се убиени од израелската армија западно од градот Рафа во јужниот дел на Газа.
Израелската армија, исто така, уби петмина Палестинци и повреди неколкумина во воздушен напад извршен врз цивили западно од Појасот Газа, велат изворите.
Спасувачките екипи ги пронајдоа телата на тројца Палестинци и спасија уште петмина од урнатините на две куќи во Џабалија Ал-Назла во северниот дел на Газа, по израелскиот воздушен напад. Некои лица сè уште се водат како исчезнати под урнатините.
Десет Палестинци беа убиени, а има и повредени во друг израелски напад врз две куќи во Деир ал-Балах и бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Газа.
Спасувачките екипи го извлекоа телото на млад Палестинец од урнатините во градот Абасан во источен Хан Јунис во јужниот дел на Газа, соопшти медицински извор.
Уште двајца Палестинци беа убиени, а има и повредени во израелскиот воздушен напад насочен кон собир на луѓе во близина на џамијата Омари во Џабалија ал-Балад, северна Газа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
