Во свлечишта загинаа 11 лица во Колумбија
- Свлечиштата предизвикани од обилни дождови во подрачјето на колумбискиот град Меделин одзедоа 11 животи, а 15 лица се водат за исчезнати

БОГОТА (АА) - Свлечиштата предизвикани од обилни дождови во подрачјето на колумбискиот град Меделин одзедоа 11 животи, а 15 лица се водат за исчезнати, известува Анадолу.
Градоначалникот на Меделин, Федерико Гутиерез, даде изјава за медиумите во врска со смртните случаи предизвикани од свлечиштата во подрачјата на местата Бело и Алтос де Ориенте по обилните дождови.
Гутиерез соопшти дека 11 лица ги загубиле животите во свлечиштата, а 15 лица се водат за исчезнати.
Тој истакна дека 10 куќи се урнале и дека екипите за пребарување и спасување продолжуваат со работа деноноќно.
Според локалните медиуми, постојат стравувања дека бројот на загинати ќе се зголеми. Фактот дека има голем број куќи изградени на ридови без дозвола предизвика дискусии во медиумите.
Поројните дождови, кои се интензивни низ цела Колумбија од март, предизвикаа човечки жртви и оштетување на имотите во многу региони на Колумбија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.