свет

Францускиот претседател Емануел Макрон ја започна својата кампања за реизбор

„Резултатите се тука и покрај пандемијата и геополитичката криза“, наведува Макрон

Ekipa   | 05.03.2022
Францускиот претседател Емануел Макрон ја започна својата кампања за реизбор

ПАРИЗ (АА) - Претседателот Емануел Макрон ја започна својата кампања за реизбор со објава на видеопорака во која ги наведува своите достигнувања како шеф на државата, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Резултатите се тука и покрај пандемијата и геополитичката криза“, наведува Макрон.

„Се обидов да го направам максимумот… понекогаш не успевав во одењето до крај поради кризите… но во работите што ги реализирав вложив многу енергија, резултатите се таму и покрај пандемијата и покрај геополитичкиот контекст“, рече Макрон во четириминутното видео објавено на социјалните мрежи.

Тој побара нов мандат преку изјавата: „Имам амбиции за земјата. Сè уште сакам да бидам во можност да ги реализирам работите заедно со вас.“

Претставувајќи го неговиот работен ден во Кабинетот во Елисејската палата, Макрон рече дека жали што не можел да ја претстави својата кандидатура порано, наведувајќи ги како причина пандемијата на коронавирусот и руската војна во Украина.

„Неопходно е кандидатот да го претстави својот проект пред земјата, но исто така е неопходно претседателот да продолжи да ја врши својата работа… денес морав да разговарам со (рускиот) претседател (Владимир) Путин и (украинскиот претседател Владимир) Зеленски“, додава Макрон.

Иако анкетите покажуваат скок во рејтингот на Макрон и го ставија пред неговите опоненти, еден ден откако тој официјално ја објави својата кандидатура за претседателските избори на 10 април, нагласи дека треба да ја добие довербата од францускиот народ.

Накратко истакнувајќи ги неговите достигнувања - најниска стапка на невработеност во последните 15 години, највисока вработеност кај младите во последните 40 години и над 700.000 стажирања, тој рече дека тоа ќе ѝ го објасни на Франција со „трпеливост и понизност“ наспроти војната, тешките одлуки и тешкото време во кое ќе бидат принудени да живеат.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.