свет

Француските мировници во состав на силите на ОН во Либан цел на израелската армија во текот на викендот

„Овие безбедносни нарушувања и заплашувања од страна на израелската армија кон вработените на ОН се неприфатливи и неоправдани, особено затоа што беа почитувани процедурите за избегнување конфликт.“

İlayda Çakırtekin  | 31.03.2026 - Обновена : 31.03.2026
Француските мировници во состав на силите на ОН во Либан цел на израелската армија во текот на викендот

ИСТАНБУЛ (АА) - Францускиот контингент на Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) во текот на викендот трипати бил цел на напади од израелската војска во Јужен Либан, објави утрово францускиот јавен сервис БФМ ТВ, пренесува Анадолу.

Во трите инциденти помеѓу израелската армија и францускиот контингент на УНИФИЛ, кои се случиле во саботата во јужниот дел на областа Накура, немало повредени.

Во саботата наутро израелските војници стационирани северно од Накура, според јавувањата, ги имале на нишан началникот на штабот на УНИФИЛ, генерал Пол Санзеи и неговиот помошник додека се враќале од Бејрут. Им било наредено да ја напуштат областа, но двајцата француски офицери успеале да го продолжат патувањето кон Накура.

Подоцна во текот на денот израелската војска отворила оган врз логистички конвој со француски војници.

Во доцните попладневни часови командантот на Резервните сили, единица за брза реакција под директна команда на челникот на УНИФИЛ, составена од француско-фински баталјон, биле цел на израелски тенк.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги осуди инцидентите во вчерашната објава на американската платформа за социјални медиуми Х.

„Овие безбедносни нарушувања и заплашувања од страна на израелската армија кон вработените на ОН се неприфатливи и неоправдани, особено затоа што беа почитувани процедурите за избегнување конфликт. Со најостри зборови овие осуди му беа пренесени на израелскиот амбасадор во Париз“, изјави тој.

Израел го нападна Либан од воздух и изврши копнена офанзива врз југот по прекуграничниот напад на Хезболах на 2 март. Регионот е во состојба на готовност откако САД и Израел започнаа воздушна офанзива врз Иран на 28 февруари, во која досега се убиени повеќе од 1.340 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази, предизвикувајќи жртви и уништување на инфраструктурата, истовремено и нарушување на глобалните пазари и авиосообраќајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.