свет

Франција ја отфрли можноста за приклучување кон каква било воена интервенција во Ормускиот Теснец

„Ние нема да учествуваме во никаква употреба на сила за отворање на Теснецот во услови на тековната војна и бомбардирањата”

İlayda Çakırtekin  | 20.03.2026 - Обновена : 20.03.2026
Франција ја отфрли можноста за приклучување кон каква било воена интервенција во Ормускиот Теснец

ИСТАНБУЛ (АА) – Францускиот претседател Емануел Макрон ја исклучи можноста за приклучување кон употреба на каква било сила во поглед на отворањето на Ормускиот Теснец, јавува Анадолу.

„Ние нема да учествуваме во никаква употреба на сила за отворање на Теснецот во услови на тековната војна и бомбардирањата”, изјави Макрон за новинарите за време на брифингот доцна синоќа, откако лидерите на Европската Унија (ЕУ) се собраа во Брисел.

Неговите изјави следат откако Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија, Холандија и Јапонија во заедничка изјава сигнализираа подготвеност да ги поддржат напорите за осигурување безбеден премин на комерцијалните бродови низ Ормускиот Теснец.

„Повторив дека штом ситуацијата ќе се смири, Франција е подготвена, заедно со другите земји, да преземе одговорност за систем за придружба на бродови во Теснецот како дел од мисија која не е операција со употреба на сила и која ќе бара координација и деконфликтност со Иран’, објасни Макрон.“

Потврдувајќи дека Франција и понатаму е во одбранбена позиција, тој исто така повика на прекин на нападите за време на празникот Рамазан Бајрам.

„Се надевам дека оружјето ќе замолкне за да се даде шанса за преговарано и одржливо решение и дека примирјето ќе биде прифатено од засегнатите страни во часовите што претстојат“, истакна Макрон.

Регионалните тензии на Блискиот Исток ескалираа откако САД и Израел започнаа заеднички напади врз Иран на 28 февруари, во кој се убиени над 1.300 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети низ регионот и практично го затвори Ормускиот Теснец за повеќето бродови, кој е клучна рута за транспорт на нафта низ која минуваат околу 20 милиони барели дневно и приближно 20 отсто од глобалната трговија со течен природен гас.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın