свет

Урнатините од мостот во Ирпин, кој беше миниран за да се спречат Русите, ќе бидат зачувани како симбол на војната

Остатоците од мостот, кои беа сведок на отворањето оган и воздушните напади на руските сили врз цивилите кои од градовите Ирпин, Буча и Гостомел се евакуираа во регионот на Киев, ќе бидат структурно зајакнати и ќе останат како споменик

Davit Kachkachishvili  | 23.06.2022 - Обновена : 24.06.2022
Урнатините од мостот во Ирпин, кој беше миниран за да се спречат Русите, ќе бидат зачувани како симбол на војната Фото: Metin Aktaş/AA

ИРПИН (АА) – Одлучено е како симбол на војната да се остават урнатините на мостот во Ирпин, Украина, миниран од страна на украинските војници во првите денови од војната за да се спречи навлегувањето на Руската армија во Киев, јавува Агенција Анадолија (АА).

Остатоците од мостот, кои беа сведок на отворањето оган и воздушните напади на руските сили врз цивилите кои од градовите Ирпин, Буча и Гостомел се евакуираа во регионот на Киев, ќе бидат структурно зајакнати и ќе останат како споменик.

На местото на мостот кој беше миниран за да се спречи напредувањето на руската војска кон главниот град Киев, турската компанија „Онур груп“ ќе гради нов мост.

Онур Џејлан, шефот на градилиштето на „Онур груп - Украина“ во Киев, во изјавата за Агенција Анадолија (AA) рече дека станува збор за мост на 5,5 километри од центарот на Киев.

Џејлан, истакнувајќи дека оваа точка, мостот, бил „последното кале“ за заштита на главниот град, бидејќи до центарот на Киев нема ниту мост ниту речен премин, рече дека по повлекувањето на руските војници од регионот, до мостот е отворен привремен приклучен пат.

„На почеток имаше дискусии за тоа дали мостот ќе се поправа или ќе се изгради нов. Украинските власти се согласија да го задржат како музеј за идните генерации да можат да го видат масакрот и болката што се доживуваше овде“, нагласи Џејлан.

Наведувајќи дека засега на терен продолжуваат работите за ископување, Џејлан се осврна на значењето на мостот.

„Барањето оваа важна работа да се задржи, за многу кратко време на сите ни покажа колку се важни турските инженери, турските изведувачи и турската градежна индустрија во светот“, потенцира тој.

Рече дека во регионот ќе бидат изградени и спомен-гробишта, и дека турски и украински експерти учествувале во архитектонските работи иницирани за изградба на споменикот.

На крајот Онур Џејлан додаде дека неговата компанија во Украина работи од 2014 година и има потпишано стотици проекти во оваа земја, истакнувајќи дека на градилиштата се домаќини на речиси 2.000 Украинци кои се засолниле кај нив поради војната.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.