свет

Со дронови и ракети Русија синоќа ја нападна Украина

- Според соопштението на руското Министерството за одбрана, нападот бил „одговор на терористичките напади“ од Киев „врз цивилни и инфраструктурни објекти на руска територија“

Elena Teslova  | 26.02.2026 - Обновена : 26.02.2026
Со дронови и ракети Русија синоќа ја нападна Украина

МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана денес соопшти дека во текот на ноќта Русија извршила голем напад врз воената индустрија на Украина, јавува Анадолу.

Според соопштението на Министерството, нападот бил „одговор на терористичките напади“ од Киев „врз цивилни и инфраструктурни објекти на руска територија“.

„Целите на нападот беа постигнати. Сите означени цели беа погодени“, се наведува во соопштението.

Во посебно соопштение украинскиот претседател Владимир Зеленски го потврди нападот, истакнувајќи дека во текот на ноќта Русија кон Украина лансирала 420 беспилотни летала и 39 ракети од различен тип, меѓу кои и 11 балистички ракети.

„Предизвикана е штета во осум региони, оштетени се многу приватни и повеќекатни згради. Десетици луѓе се повредени, вклучително и деца“, рече Зеленски.

Во регионите Полтава, Киев и Дњепарк погодени се енергетски објекти. Спасувачите работат во регионите Чернигов, Запорожје, Харков, Кировоград, Виница и Киев, како и во главниот град Киев.

„Повеќето од денешните лансирани ракети беа успешно соборени благодарение на партнерите што навреме обезбедија системи за противвоздушна одбрана, како што беше договорено на последниот состанок во Рамштајн. Но имаше и удари, што значи дека треба да работиме уште поактивно во иднина“, додаде Зеленски.

Поради тековниот конфликт тешко е да се направи независна потврда на изјавите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.